Започнуваме со сецкање на празот,везениот пипер и младото кромидче.
Во загреана тава пропржете ја на почеток кратко везените пиперки, веднаш додадете ги празот и коромидот и полека на тивко пржете додека омекнат посолете. Во оваа смеса на крај додадете ги јајцата изматени на страна во посебен сад и пржете додека го добиете посукуваниот омлет. Тргнете на страна и додека е уште жешка кајганата изрендајте врз неа кашкавал, послужете.
Убав едноставен предлог за доручек или вечера.
Добар апетит!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани