Пролетна кајгана
Состојки
- 8 јајца
- 1 страк праз
- 4 млади кромидчиња
- 2 везени суви пиперки
- 100гр. кашкавал
- малку масло за пржење и сол по желба
Подготовка
Започнуваме со сецкање на празот,везениот пипер и младото кромидче.
Во загреана тава пропржете ја на почеток кратко везените пиперки, веднаш додадете ги празот и коромидот и полека на тивко пржете додека омекнат посолете. Во оваа смеса на крај додадете ги јајцата изматени на страна во посебен сад и пржете додека го добиете посукуваниот омлет. Тргнете на страна и додека е уште жешка кајганата изрендајте врз неа кашкавал, послужете.
Убав едноставен предлог за доручек или вечера.
Добар апетит!!!