Пржен свински јазик со лук
Подготовка:
1. Јазикот убаво обарете го и изчистете го. Извадете му ја кожинката и исецкајте го на парчиња.
2. Путерот и маслото здружете ги во кацеролата. Ставете ги парчињата јазик и крчкајте ги на тивко, превтувајќи ги од двете страни да се запржи убавко, да е мек. Зачинете убаво со црвен пипер,соли црн бибер. Додајте го соја сосот и оставете уште малку да се покрчка со повремено
мешање.
3. Кога е готов, извадете ги парчињата јазик во чинија, во која ќе додадете ситно сецкано лукче и магдонос. Промешајте убаво. Послужете си по едно ладно узо или жолта ракиичка и насладете се на оваа убавина.
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови