Слатки пржени јуфки (кори)
Од јајцата и брашното замесите изедначено тврдо тесто. При месењето убаво изудирајте го од масата за да се добие што помазно тесто. Завиткајте го во најлонска фолија и оставете го да стои 30 мин на собна температура.
За тоа време лимонот и портокалот ставете ги да стојат во вода со сода бикарбона. Потоа измијте ги и избришете ги.
Тестото поделете го на два дела.
Од едниот дел со сукало развлечите многу тенка од 2 мм правоаголна кора. Посипете ја со 1 лажица шеќер и изрендајте ја кората од портокал. Завиткајте ја цврсто во ролат и исечете ролатчиња од 1цм.
Истата постапка повторете го и со останатиот дел од тестото само што на оваа кора ќе ја изрендате кората од лимон.
Готовите ролати пржете ги во поголема количина на масло, на средна температура да добијат светла кремаста боја.
Испржени извалкајте ги во шеќер во прав.
Овие се дел од карневалските колачиња кои името го добиле по составот на тестото што е основен дел за правење јуфки - таљатељи.
Лиценца: Сите права се задржани