Пржени шампињони со јајца
Шампињоните убаво ги миеме и ставаме на оган во тенџере со вода да зовријат.Кратко нека поварат.Водата ќе се обои, ќе стане темна, црна.Таа вода се фрла.
Налеваме чиста вода, повторно ги ставаме на оган.Штом зовријат додаваме сол и вариме на умерен оган, додека малку подомекнат.
Потоа водата се истура и убаво се цедат, во сад за цедење тестенини.
Се загрева масло, се додаваат исецканите шампињони на ливчиња и се пропржуваат.Се зачинуваат со зачини по вкус.Кога се готови, ги полеваме со изматените јајца со вилушка.Се пржат додека јајцата се готови.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани