
1
јун
2015
Пржени тиквички со куркума
За да го сменам секојдневниот начин на подготовка на пржени тиквички им додадов куркума, па излегоа особено вкусни.
Тиквичките ги лупиме и ги сечкаме на тркалца со дебелина од 2-3 мм. Ги валкаме во разматено јајце, па во брашното во кое сме промешале куркума и зачин и потоа ги пржиме во загреано масло.
Забелешка
Се разбира дека доколку ви требаат повеќе тиквички ќе ја зголемите дозата.
Лиценца: Сите права се задржани