Испечати

Пржени тиквички со куркума

Пржени тиквички со куркума

Состојки

  • 1 млада тиквичка
  • 2 јајца
  • 5-6 лажици брашно
  • 1-2 лажици мешан сув зачин
  • 1 лажица куркума
  • масло за пржење на тиквичките

Подготовка

За да го сменам секојдневниот начин на подготовка на пржени тиквички им додадов куркума, па излегоа особено вкусни.

Тиквичките ги лупиме и ги сечкаме на тркалца со дебелина од 2-3 мм. Ги валкаме во разматено јајце, па во брашното во кое сме промешале куркума и зачин и потоа ги пржиме во загреано масло.

Забелешка
Се разбира дека доколку ви требаат повеќе тиквички ќе ја зголемите дозата.