Превкусно лепче кое стасува само еднаш и супер е за чорби, супи и тави. Се крши и се јаде.

1. Квасецот се става во сад и се меша со малце од водата. Се додава солта и се меша дури да се стопи квасецот.
2. Се додава медот и останатата вода и постепено се додава брашното.
3. Се истура тестото на маса со брашно и се размесува малце. Ако се лепи се додава брашно.
4. Се става тестото на плех со хартија и со рака и брашно се сплескува.
5. Се става горе со си сакате на пример, кромид, лукче, домати, маслинки, зачини, кашкавал, сирење итн...
6. Се покрива и се остава да стаса 30 мин.
7. Се пече во загреана рерна на 225 степени 20 мин.
8. Се прска со 2 лажици маслиново масло и се крши и јади.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови