Празнични снежни колачиња со мармалад (ПОСНО)
Обожавам брзи, едноставни и вкусни рецепти, со состојки кои во секој момент ги имаме дома, и токму затоа денес ви го споделувам овој рецепт. Колачињата се одлични, верувам дека ако ги пробате често ќе бидат застапени на вашата трпеза...посебно во овој празничен период, како снежни топчиња се.
Подготовка -
Во длабок сад го ставаме пецивото и го попаруваме со врелата вода, го додаваме зејтинот, ванилата и на крај брашното. Се замесува мазно тесто, од кое веднаш ги правиме колачињата.
Јас го поделив на 25 топчиња за 25 колачиња (може да ги направите и помали ако сакате, поголеми - не)
Секое топче го расплескуваме со помош на рацете како кругче, во средината ставаме мармалад (може и оревче) и го затвараме со помош на прстите...го формираме како топче.
Ги редиме во плех за печење. Печеме во загреана рерна на 200 степени околу 30 минути (сепак проверете според вашата рерна)
Откако ќе се испечат, веднаш ги увалуваме во прав шеќер.
Уживајте во овие неодоливо ровки колачиња со чај или кафе!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Супер ви испаднале, благодарам и за фотографијата.
На здравје нека ви се.
Поздрав и секое добро :)
Јас не ставив,ама како да не се благи?
Брашно е 500 грама или треба повеќе,не сум сигурна заради тврдината на тестото какво треба да биде?
Инаку баш се ровки?