Над пареа се растопуваат чоколадото, еурокремот и маслото. Се додаваат мелените наполитанки и оревите. Сето убаво се промешува и одма со помош на лажиче се става од смесата во хартиени корпи (одприлика околу 15 кошнички). Ако треба се порамнуваат со наводенето лажиче или послужавникот се удира од маса еднаш, двапати за да се израмни смесата. Над пареа се топи белото чоколадо со една лажица масло и се дополнуваат хартиените корпи. Се декорираат со чоколадни машнички. Од остатокот на смесата направив мали долгнавести форми, кои прво ги прелив со растопено бело чоколадо и ги декорирав со чоколадни трошки.