Вкусни, крцкаво-ровки кекси, посебно привлечни и бендисани од децата на предновогодишниот школски панаѓур. Мисија, успешно завршена.

1. Маргаринот/путерот (стоен на собна температура) се мати со кафеавиот шеќер, се додава жолчката и екстратот од ванила.
2. Се мешаат пецивото и какаото, се просејуваат и се додаваат, потоа се става малку црвена прехрамбена боја и пак се мати.
3. Брашното (просеано) се додава постепено на претходната смеса, се меси со рака, а по потреба се додава уште малку црвена боја зависно од посакуваната нијанса.
4. Треба да се измеси мазно тесто кое се става во најлонска кеса, се остава да стои 15-20 минути во фрижидер, потоа се вади и се развлекува кора дебела 5 мм. Се вадат форми по желба и се печат на 170 степени околу 20 минути. Се ладат.
5. Белката се мати, постепено се додава шеќерот во прав, па после сокот од лимон. Смесата се става во најлонска ќеса за во замрзнувач, се отсекува малку работ, кексите се шараат по желба и се оставаат да им се исуши глазурата. Може да се стави и друга боја по желба за шарење на кексите. Малку трпение и резултатот е тука.

Забелешка
Кексите се малку крцкави од кафеавиот шеќер, но може да се стави кристал или шеќер во прав. Брашното ставајте го постепено и додавајте уште малку колку е потребно. Ако се користи црвена течна боја, полесно ќе се измеша во тестото, а ако се користи боја во прав, подобро е претходно да се раствори со неколку капки вода.
Наместо екстрат од ванила, може да се додаде екстрат со арома на јагода, малина или по вкус.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани