15
јан
2022
Похувани пиперки
Секоја есен, кога ќе ги печам пиперките за ајвар, дел од нив ги замрзнувам цели, па во зима ги користам или за похување или за пржење. Начинот е многу едноставен, едноставни состојки, ама така ми се најубави.
Подготовка:
1. Измешајте ја изварката со јајцето. Ако не е солена ставете сол по вкус.
2. Секоја од пиперките отворете ја, исчистете ја од семките и премачкајте ја со дел од смесата. Може да ја завиткате во ролат, а може и само да ја преклопите.
3. Потоа, стандардно, брашно, јајце, презла, па пржење од двете страни, додека убаво не заруменат. Може да се служи и како предјадење, а јас често ги користам и како главно јадење.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Многу се вкусни