14
апр
2021
Похована палента
1. Палентата се вари на вообичаен начин, спрема упатството со една лажичка сол.
2. На крај се додава путер и убаво се меша да се соедини. Па, се додава издробено сирење или плус од предложените додатоци.
3. Се истура во намрсен калап до висина од еден прст отпрлика и се остава преку ноќ во фрижидер.
4. Следниот ден се вади од калапот на рамна даска и се сечи во посакуваните форми и големини.
5. Секое парче се валка во брашно, па во разматените јајца со малку сол и повторно во брашно.
6. Се пржат на умерена температура додека заруменат.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови