Похована палента
Состојки
- 900 мл вода
- 200 гр инстант палента
- 1 лажиче сол
- 25 гр путер
- 200 гр сирење (млад кромид, сувомеснато - што сакате)
- За поховање
- 1 шолја брашно
- 3 јајца (или 2 поголеми)
Подготовка
1. Палентата се вари на вообичаен начин, спрема упатството со една лажичка сол.
2. На крај се додава путер и убаво се меша да се соедини. Па, се додава издробено сирење или плус од предложените додатоци.
3. Се истура во намрсен калап до висина од еден прст отпрлика и се остава преку ноќ во фрижидер.
4. Следниот ден се вади од калапот на рамна даска и се сечи во посакуваните форми и големини.
5. Секое парче се валка во брашно, па во разматените јајца со малку сол и повторно во брашно.
6. Се пржат на умерена температура додека заруменат.