Моите омилени коцки, а кога ќе отстојат малку во фрижидер вкусот ми е незаменлив.
Најпрво започнуваме со подготовката на филот.
Пудинзите од ванила ги мешаме со млекото, го додаваме шеќерот и мешаме на тивок оган се додека не добиеме убава густина. Кога филот ќе се згусти го тргаме од оган и го додаваме чоколадото. Оставаме да се излади и во него го додаваме маргаринот.
За паниспањата најпрво ги биеме јајцата заедно со шеќерот, го додаваме брашното и потоа пецивото. На крај го додаваме какаото и се убаво мешаме. Смесата ја истураме во намрсен калап и печиме на 190 степени околу 25 мин. Пандиспањата млака ја натураме со млакиот шербет и потоа ја филоваме. Најгоре ја ставме глазурата и оставаме во фрижидер околу 1 час за убаво да се излади.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови