Потпечени пилешки крилца во кисело млеко
На крилцата им ги отсекуваме врвовите, убаво ги миеме, зачинуваме со зачините. Рузмарин им ставам по малку.
Во друг подлабок сад го ставаме млекото и црвената пипер, убаво изедначуваме. Во оваа смеса ги валкаме крилцата, од сите страни и ги редиме едно до едно во намрсен огноотпорен сад за печење. Врз нив го истураме остатокот од смесата.
Ги ставаме во загреана рерна и печеме околу 1 час на 200 степени (покриени со алуминиумска фолија) или печете зависно од вашата рерна.
При крајот на печењето ја тргаме фолијата, го редиме кашкавалот врз крилцата, наросуваме оригано и враќаме во рерна додека кашкавалот се стопи и крилцата заруменат....
Гарнир по желба...
На здравје!!!
Лиценца: Сите права се задржани
Ви благодарам за мислењето на сите....