Сочни потпечени макарони со бешамел
Потпечени макарони има на многу начини. Јас најчесто ги спремам вака бидејки се многу сочни.
Макароните се варат во зовриена вода со малку масло и сол по вкус. Кога ќе бидат речиси сварени, се истура водата во која се вареле и се ставаат во тавче за печење.
Врз макароните се става урдата. Јајцата се разматуваат со киселото млеко и се полеваат макароните. Вака спремни се ставаат во загреана релна на 200 степени да се запечат.(околу 15 мин)
За тоа време се подготвува бешамелот. Во тавче се растопува маргаринот. Кога ќе се растопи се додава брашното и се промешува. На крај се додава млекото се посолува и се остава да крчка додека да се згусне.
Се вадат макароните од релна се полеваат со бешамелот и се оставаат да се допечат додека да заруменат.
Добар апетит
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови