Од брашното, пецивото, ванилата и пивото замесуваме тесто. Го месиме убаво да се добие изедначена смеса и потоа сучиме кора. Со чаша сечиме кругови и на секој круг ставаме по едно мало лажиче мармалд и парче орев.
Секој круг го затвораме формирајки топче. Ги печиме на 170 степени околу 25 мин.
Дури се уште млаки секое топче го мацкаме во шербет (претхоно сварен и малку изладен). Кога сите ќе впијат убаво од шербетот ги валкаме во кокосово брашно.

Овие колачиња ме потсетуваат на детството и секогаш кога ќе ги направам се враќам години назад.
Наместо кокосово брашно можите да го валкате и во мелени ореви.
На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови