Посни сникерс штанглички
Сите состојки се мешаат и смесата се сипе во плехче и се пече околу 15 минути на 180 степени.
Шеќерот се става на тивко да се растопи и одкако ќе се растопи во него се става изренданата кора од портокал и исцедениот сок од портокалот. Уште додека е топла смесата се излива врз тестото и набрзина се размачкува со нож затоа што многу брзо се карамелизира-се стврднува.
Фил
Пудингот се вари во млекото и одкако ќе се олади се мати со претходно изматениот шеќер во прав со маргарин. Се додава и чоколадата растопена, се убаво се изедначува.
Одкако ќе се премачка карамелот, се посипува со кикирики, па се премачкува со филот и одозгора пак се поросува со кикирики.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела