Пекарски кифли (посно)
Најпрво ставете го квасецот, шеќерот и 2 лажици брашно во 200 мл млака кисела вода. Нека скисни.
Во вангла ставете го брашното, солта, маслото и активираниот квасец. Замлачете уште 200 мл кисела вода и почнете да месите. Ако треба уште малку водичка додадете, треба тестото да биде меко, ама не лепливо. Убаво измесете го, изудирајте го од работната маса, а потоа оставете го покриено на топло, да се дуплира.
Потоа, тестото поделете го на парчиња, бројот зависи од големината на кифлите која сакате да ја добиете, јас го поделив на 16.
Секое топче малку расучете го во долгунеста форма. Земете го парчето тесто пред себе, со левата рака виткајте, а со десната рака растегнувајте го тестото.
Наредете ги кифличките во плех и оставете ги да се одморат околу пола саат.
Загрејте ја рерната на 200 степени, кифличките премачкајте ги со вода, насолете ги со крупна сол и ставете ги да се печат додека поруменат.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови