
15
јан
2023
Посни кифли
1. Во поголем сад се мешаат сувите состојки,и во нив се додаваат течните состојки. Се замесува меко нелепливо тесто. Колку е меко тестото толку се повоздушести кифлите. Се остава да кисне 1 час. Се вадат топчиња и ги виткам како спирала на дрвено стапче.Инаку може да се прават разни други форми по ваш избор.Се оставаат да стасаат и се премачкуваат со сенфот. се поросува со сусам .....Одозгора се става мало парче маргарин на секоја кифла и се печи на 200С -20минДодека се топли се премачкуваат со масло.Превкусни се крцкави однадвор и меки внатре.
Лиценца: Сите права се задржани