26
мар
2020
Колач со мармалад од сливи (посно)
Посен колач кој се приготвува за час.
Во еден сад ги ставме прво течните состојки и мармаладот. Мешаме со дрвена лажица. Кон ова ги додаваме и сувите состојки и продолжуваме да мешаме со лажица. Смесата се истура во подмачкан плех со зејтин. Се пече на 180 степени околу 25 минути.
Чашата со која мерев е од 150 милилитри, а плехот е округол број 26.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови