- Од добро измиени 2 портокала изрендајте ја кората, потоа истискајте онолку портокала колку што е потребно да добиете сок во вкупна количина од 500 мл.
- потпечете оревите, сомелете, а дел исецкајте.
- Бискотите сомелете
Основата
- Во сад ставете ја одредената количина на сок од портокал, во него додадете го шеќерот, ванилата, мелените ореви и брашното кое веќе сте го измешале со какаото и пецивото. Со лажица се добро измешајте за да нема грутчиња, а потоа во тенок млаз додадете го маслото - измешајте. Добиената смеса излијте ја во тавка големина 30х20 која сте ја послале со хартија за печење и ставете нека се пече на 180 степени околу 20-25 мин.
Додека се пече спремете го филот, ставете во сад мармаладот и чоколадото и на тивок оган или на пареа нека се стопи чоколадот и да се спои со мармаладот. Во друг сад ставете го сокот од портокал, додадете ванилата и мелените бискоти, во оваа смеса додадете го стопеното чоколадо и мармаладот. Измешајте.
- Печената кора нека се само малку олади, премачкајте сосема тенко со мармаладот, врз него ставете филот, израмнете, посиспете со сецканите ореви и оставете да се потполно олади.
Овој колач е мек и сочен - како брауни.
НАПОМЕНА
За овој колач потребно е да мрамаладот е киселкаст. Доколку ставите од кајсии или црни сливи - зависно колку е сладок - тогаш прилагодете ја количината на шеќерот за да не ви биде многу благо. Мармаладот од шипки таман си одговара.
- Се премачкува кората со малку мармалад како не би се одвојувал филот од самата кора.
- Немав ореви - го правев со бадеми.

 

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани