Колач со мармалад од сливи (посно)
Состојки
- Состојки
- 1 чаша вода
- 1 чаша зејтин
- 1 чаша мармалад од сливи
- 1 чаша сечени ореви
- 4 лажици сусам од Натура
- 1/2 лажичка сода бикарбона
- 3 чаши брашно
Подготовка
Посен колач кој се приготвува за час.
Во еден сад ги ставме прво течните состојки и мармаладот. Мешаме со дрвена лажица. Кон ова ги додаваме и сувите состојки и продолжуваме да мешаме со лажица. Смесата се истура во подмачкан плех со зејтин. Се пече на 180 степени околу 25 минути.
Чашата со која мерев е од 150 милилитри, а плехот е округол број 26.