Портокалови коцки (посно)
Убави, посни, здрави и се топат во уста, совршени се овие коцки за време на пости . Комбинацијата моркови и ѓумбир ги прави неодоливо вкусни, а најбитно и економични се за правење. Постапката е следна
- Во подлабок сад за месење ставете го брашното. Додадете го шеќерот во прав и пецивото и промешајте. Морковите, претходно изрендани (на крупната страна од рендето), додадете ги во брашното. Додадете го и ѓумбирот и со маргаринот (исечен на помали коцки) замесете тесто. На почеток тестото е песокливо, но со тек на месење се соединува и добива мазна структура. Постојат два начини како да го обликувате тестото. Јас овој пат го одбрав полесниот зошто немав многу време. Целото тесто го ставив во правоаголна тава за печење и го печев во еден дел. А можете да го поделите ( пред печење) на две половини. Едната половина да ја ставите на дното на тавата, да ја премачкате до мармалад по вкус и да преклопите со втората половина. (или да насечете лентички па да ја направите поукрасна горната страна на колачот) Како и да е колачот е секако вкусен, прашање е колку имате време да си *играте со тестото*. Печете на 160-170 степени 20-тина минути.
- Испеченото тесто, јас го пресеков на два дела, во средината намачкав мармалад (домашен мешан) и го оставив да се излади и да омекнат корите.
- Исечете го на коцки со големина по желба и наросете ги со шеќер во прав пред послужување.
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
cestitki RD, super izgleda!