За тесто
1. Квасецот со малку топла вода се остава да нарасне
2. Брашното,стасаниот квасец и сите останати состојки (освен една жолчка) се замесуваат
3. Тестото без да се остави да одмори веднаш се реди на 6 еднакви дела и се рассукуваат корички. Секоја од нив се шпремачкува со маргарин, освен последнта.
4. Врз секоја кора,премачкана со маргарин се става рендан кашкавал. Корите се редат една врз друга. На последната кора не се става ни кашкавал ниту пак се премачкува со маргарин, туку прво се рассукуваат сите заедно во една голема кора - четвртаста, па се премачкува тогаш со маргарин и се сече на коцки
5. Врз секоја коцка се става од пасираното сирење и се преклопува
6. Коцките се оставаат да нараснат околу 1 час, па се премачкуваат со изматената жолчка со малку масло за јадење и врз неа се попрскуваат со сусам
7. Се печат околу 15 мин на 180 С

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани