Испечати

Полулиснати сирењаци

Полулиснати сирењаци

Состојки

  • За тесто
  • 500-600 гр брашно
  • 1/2 коцка пресен квасец
  • 1-2 лажичиња сол
  • 1 лажиче шеќер
  • 50-60 мл масло за јадење
  • 2 јајца (едната жолчка е за премачкување на сирењаците)
  • 100 мл топло млеко
  • За фил
  • по потреба кашкавал рендан
  • по потреба дробено сирење
  • 130 гр маргарин
  • по потреба сусам

Подготовка

За тесто
1. Квасецот со малку топла вода се остава да нарасне
2. Брашното,стасаниот квасец и сите останати состојки (освен една жолчка) се замесуваат
3. Тестото без да се остави да одмори веднаш се реди на 6 еднакви дела и се рассукуваат корички. Секоја од нив се шпремачкува со маргарин, освен последнта.
4. Врз секоја кора,премачкана со маргарин се става рендан кашкавал. Корите се редат една врз друга. На последната кора не се става ни кашкавал ниту пак се премачкува со маргарин, туку прво се рассукуваат сите заедно во една голема кора - четвртаста, па се премачкува тогаш со маргарин и се сече на коцки
5. Врз секоја коцка се става од пасираното сирење и се преклопува
6. Коцките се оставаат да нараснат околу 1 час, па се премачкуваат со изматената жолчка со малку масло за јадење и врз неа се попрскуваат со сусам
7. Се печат околу 15 мин на 180 С