Подготовка

1. Во подлабок сад го матиме путерот со шеќерот. Ги додаваме јајцата едно по едно, матејќи. Ја додаваме ванилата, пецивото, а потоа млекото и брашното дел по дел.
2. За филот го топиме чоколадото. Го матиме крем сирењето со миксер и го додаваме стопеното чоколадо,  а на крај го додаваме и јајцето и матиме убаво.
3. Калапот за куглоф го намрсуваме со путер обилно. Додаваме половина од тестото во калапот, потоа го додаваме филот, па втората половина од тестото.
4. Печеме во загреана рерна на 160 степени 50-55 минути. По печењето оставете го колачот во калап 10 минути, а потоа извадењето го на чинија за сервирање.
5. Чоколадото го топиме на пареа или во микро и го прелеваме врз колачот. Може да се послужи топол или оладен на собна температура.

На здравје!

*при печењето филот се спушти долу, не остана во средината, но вкусот беше одличен

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани