Овај рецепт, за ова превкусно полнето лебче, кое уште се нарекува интимно лебче го гледав на тв и многу ми се допадна.
Превкусно е, ви го препорачувам.
Интимно се нарекува, затоа што со срединката од лебот, која се кине на мали залчиња, се мака од полнежот, значи во круг на блиски луѓе, каде што не ќе ни е срам да си макаме, инаку би требало со вилушка да си јадеме... )))

На плитка мрснотија се пропржува ситно, сецканиот кромид со малку сол.
Се додаваат сецканите чадени меса. Сето тоа убаво се пржи, се зачинува со црна пипер и оригано.
Потоа се додава на коцки и сецканото сирење.Се пржи додека се растопи сирењето.
Се трга од оган и му се додаваат павлаките.
Смесата убаво се соединува и се нанесува во претходно добро издлабено, тркалезно лебче. Лебчето се става во малку намрсена тава.
Горниот дел останува како капак, а внатрешноста се кини на залчиња, кои подоцна ќе ни послужат да си макниме од ова неодоливо вкусно предјадење.
Над смесата се нанесува изренданиот кашкавал. Се става во рерна и се потпекува на 200 Ц. степени, додека се растопи кашкавалот.
Се сервира на чинија и се послужува топло.

Уживајте со секој залак!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани