Полнети пиперки со грав (посно)
Гравот се налева со вода и се става да се свари. Во зависност од квалитетот варењето трае различно време. Во овој период од годината јас обично го користам зелениот грав кој многу брзо се вари. Во водата од гравот се додаваат морковите и ловоровиот лист.
Одкако ќе се свари се цеди. Во тава за пржење се сецка кромидот и се пржи додека омекне. Се додава исецканиот морков, исецкана пиперка и одкако сиот зарзават се пропржи се додава 1 лажица брашно и црвениот пипер. Кон запршката се додава исцедениот грав, убаво се промешува и се зачинува со карито и зачинот. Сол се додава по вкус и на крај се додава пола од магдоносот.
Пиперките се чистат од семето и рачките и се полнат со гравот. Секоја пиперка се затвара со подебело парче домат. Преостанатите домати се сечат врз пиперките, се наросува останатиот магдонос и се налева со водата од гравот. Се печат на 220 околу 35 минути.
Кон гравот може да се додаде и мелено месо, но вака е сезонски подготвен со повеке зеленчук и полесен за јадење.
Лиценца: Сите права се задржани
шеќер прави сарма кај нас дома. ептен мерак има :)
ова личи превкусно :)