8
окт
2019
Полнети печурки во сланина
Прво ги миеме шампињоните и со мала лажичка им ги отстрануваме стебленцата. На зејтин запржуваме една главица кромид, 2 пиперки, стебленцата од печурките, се' ситно сецкано. Посолуваме и наросуваме црн пипер. Секоја печурка ја полниме со запржената смеса и ставаме по парче кашкавал. Потоа секоја наполнета печурка ја мотаме со парче сланина и ставаме чепкалки. Печурките ги редиме на пек-хартија, полеваме 100 милилитри пиво и ги печеме околу 20 минути на 160 степени. Едноставен оброк или мезе,вие одлучете.