Полнети модри патлиџани
Модар патлиџан изобилува на пазарот во моментов, па освен што го користиме за во зимница еве една идеја и за ручек. Специјалитетов е од мојата вредна мајка, која не почести со овој убав и вкусен ручек, а јас пак решив да го споделам со вас.
1. Модрите патлиџани ги сечеме на половина.
2. Ги ставаме во намрсена тава и ги ставаме во загреана рерна да се печат околу 15 минути на 200 степени. Може и на хартија за печење.
3. Кашкавалот го рендаме, колбасите ги сечкаме на коцки, јајцата и павлаката ги матиме да се соединат, па мешаме се заедно.
4. Откако ќе се испече патлиџанот, со лажица ја вадиме средината од него и ја мешаме со останатите состојки па зачинуваме.
5. Патлиџаните ги полниме со филот и ги враќеме во рерна да се печат 15-20 минути, зависи од јачината на рерната.
Ако сакате може и лукче да си насечкате во полнењето, исто е вкусно.
Пријатен апетит!
Лиценца: Сите права се задржани