10
сеп
2014
Пица со брокула
Го замесуваме тестото за пица. Во меѓувреме додека стаса ја обаруваме брокулата и спанаќот. Доматите ги рендаме. Пилешкото месо исто го вариме и го сечиме на ситни парчиња. Откако тестото ќе стаса правиме пица. Брокулите и спанаќот ги сецкаме на поситни парчиња. Со ренданиот домат ја премачкуваме пицата. Врз него ставаме од месото, брокулата и спанаќот. Со бешамел сосот ја преливаме пицата и посолуваме.(Во смесата може да се ставе и парчиња домат)
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови