Пица со брокула
Состојки
- 1кг брашно
- 1 квасец,сол,топла вода и малку шеќер
- 300гр брокула
- 200-300гр пилешко месо
- 100гр. спанаќ
- 200-300гр сос од домати или рендани
- 400мл млеко
- 50гр брашно
- 50гр путер
Подготовка
Го замесуваме тестото за пица. Во меѓувреме додека стаса ја обаруваме брокулата и спанаќот. Доматите ги рендаме. Пилешкото месо исто го вариме и го сечиме на ситни парчиња. Откако тестото ќе стаса правиме пица. Брокулите и спанаќот ги сецкаме на поситни парчиња. Со ренданиот домат ја премачкуваме пицата. Врз него ставаме од месото, брокулата и спанаќот. Со бешамел сосот ја преливаме пицата и посолуваме.(Во смесата може да се ставе и парчиња домат)