Подготовка:

1. Го мешаме брашното се 50г шеќер (може малку повеќе доколку сакате поблаго тесто) и прстофат сол, па го додаваме путерот. Го втриваме путерот со прсти убаво, па додаваме лажица по лажица ладна вода додека да добиеме тесто. Штом можеме да оформиме топка од тестото, го делиме на два дела (едниот малку поголем) и го виткаме во најлонска фолија и го оставаме во фрижидер најмалку 30 минути.
2. 60г путер го ставаме во тенџере на оган да се растопи. Додаваме 2 лажици брашно мешајќи со жица. Додаваме 30мл вода и 60г шеќер. Нека зоврие, па намалете ја температурата и гответе уште 2-3 минути. Тргнете од оган и оставете да се олади.
3. Јаболките ги лупиме, чистиме и ги сецкаме на коцки (може и на тенки ленти). Во длабок сад ставаме една лажичка цимет врз сецканите јаболки, па го истураме и оладениот сос од путер и мешаме убаво.
4. Го вадиме поголемиот дел од тестото од фрижидер, го оставме неколку минути да омекне, па го расукуваме во кора. Го префрламе во сад за пита (15цм) и го отстрануваме вишокот. Врз кората го истураме подготвениот фил од јаболки. Го вадиме помалиот дел од тестото од фрижидер, го расукуваме во тенка кора и правиме ленти/форми по желба за декорација и ги редиме врз филот.
5. Премачкуваме со малку разматено јајце и печеме во загреана рерна на 220 степени, 15 минути. Потоа ја намалуваме температурата на 180 степени и печеме уште 35-40 минути. Треба да се олади барем еден саат пред да се сече.
Питата е превкусна. На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани