Убава брза пита,лесна и едноставна подготовка.
Подготовка
Јајцата ги матиме во нив ги додаваме зејтинот и јогуртот.
Брашното заедно со пецивото ги мешаме и додаваме на течната смеса матиме со шпатула.
Пиперката ситно ја сечеме,тиквичката ја рендаме и двете ги додаваме на смесата.Бутот го сецкаме,сирењето го дробиме и нив ги додаваме во питата.
На крајот ја додаваме солта и буковецот повторно мешаме. Смесата ја сипуваме во мала ростер тава и печеме триесетина минути.
Урдата и јајцата ги мешаме со вилушка и пред крајот на печењето ја премачкуваме питата и посолуваме со сусам.Повторно враќаме уште петнаесетина минути да се допече. Чекаме да се излади и сечеме коцки.
Добар апетит!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани