Пита со фил од пиперка и тиквички
Состојки
- 4 јајца
- 1 чаша јогурт
- 1/2 чаша зејтин
- 2 чаши брашно(може пола пченично и пола пченкарно)
- 1 прашак за пециво
- 250гр сирење(кравјо,овчо,козјо)
- 1 зелена или црвена пиперка
- 100гр пушен бут
- 100гр рендана тиквичка
- 1 лажичка буковец
- 1 лажичка сол
- фил
- 300гр урда
- 2 јајца
- 50гр сусам
Подготовка
Убава брза пита,лесна и едноставна подготовка.
Подготовка
Јајцата ги матиме во нив ги додаваме зејтинот и јогуртот.
Брашното заедно со пецивото ги мешаме и додаваме на течната смеса матиме со шпатула.
Пиперката ситно ја сечеме,тиквичката ја рендаме и двете ги додаваме на смесата.Бутот го сецкаме,сирењето го дробиме и нив ги додаваме во питата.
На крајот ја додаваме солта и буковецот повторно мешаме. Смесата ја сипуваме во мала ростер тава и печеме триесетина минути.
Урдата и јајцата ги мешаме со вилушка и пред крајот на печењето ја премачкуваме питата и посолуваме со сусам.Повторно враќаме уште петнаесетина минути да се допече. Чекаме да се излади и сечеме коцки.
Добар апетит!!!