28
авг
2021
Пита со тиква
Подготовка:
1. Во растопениот путер го додаваме шеќерот и прстофат сол. Постепено го додаваме брашното додека да се формира меко тесто. Го распоредуваме тестото со прст на дното и од страните, во сад за пита (24цм). Оставаме во фрижидер.
2. Во подлабок сад ги мешаме, со жица, сите состојки за филот (пире од тиква, кодензирано млеко, јајца, сол и зачините). Кога е се убаво споено, го додаваме филот врз оладеното тесто.
3. Печеме на 180 степени околу 50 минути. Треба целосно да се олади пред послужување.
Лиценца: Сите права се задржани