Во еден сад ставте го брашното додајте го квасецот, солта и шеќерот и промешајте. Потоа додајте го маслото и постепено додавајте ја водата, па со рака замесете тесто и оставте го да стаса 30 минути на претходно загреана рерна од 50С па исклучена. Спанаќот исчистете го, измијте го и исецкајте го ситно па ставете го во тенџере на оган да се пржи со 3-те лажици масло и по желба сол. Откако ќе се испржи оставете го да се излади. Во изладениот спанаќ додајте ја киселата павлака и промешајте да се соединат.
На набрашнета работна маса го ставаме стасаното тесто, но не го размесуваме и со сукалка развлекуваме кора. Со чаша или калап вадиме кругови и на секој круг на средината нанесуваме од филот. Краевите на кругот ги спојуваме и формираме панделчиња.
Плехот во кој ќе ги печете премачкајте го со маргарин и ставте ги панделчињата како на сликата. Јајцето го кршиме и ја делиме белката од жолчката. Жолчката ја матиме со виљушка додаваме 2-3 лажици масло и промешуваме. Со готварска четка ја премачкуваме питата со жолчката. Путерот го растопуваме на оган и го накапуваме на целата пита.Тавата ја ставаме во рерна загреана на 200С.
Печеме 40мин (додека да добијат златно кафеава боја) и ја вадиме од рерна.
Подизладенатаа пита сервирајте ја по желба. Добар апетит

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани