23
јан
2015
Пита со ајвар и 3 вида брашно
Еве уште една брза пита за доручек.
Пикантен вкус и многу декоративна.
Во вангличка се ставаат јајцата со солта и се мати да се запенат.
Потоа постепено се додаваат течните , па сувите состојки.
На крај се додаваат ајварот и блитвата.
Сето убаво се промешува да се соедини.
Се истура смесата во мала ростер тава, се посипува со сусам и се печи на 170-180 степени околу 35 минути.
Напомена -користен е мал филџан за кафе, од 100 мл
Лиценца: Сите права се задржани