Испечати

Пита со ајвар и 3 вида брашно

Пита со ајвар и 3  вида брашно

Состојки

  • 2 јајца
  • 200мл млеко
  • 100мл кисела вода
  • 100мл масло
  • 100мл јогурт
  • 3 лажици лут ајвар
  • 1 пециво
  • 1 филџан хељдино брашно
  • 2 филџани пченкарно брашно
  • 3 филџани бело брашно
  • 1 лажиче сол
  • 150гр бланширана блитва
  • 30гр сусам

Подготовка

Еве уште една брза пита за доручек.
Пикантен вкус и многу декоративна.

Во вангличка се ставаат јајцата со солта и се мати да се запенат.
Потоа постепено се додаваат течните , па сувите состојки.
На крај се додаваат ајварот и блитвата.
Сето убаво се промешува да се соедини.
Се истура смесата во мала ростер тава, се посипува со сусам и се печи на 170-180 степени околу 35 минути.

Напомена -користен е мал филџан за кафе, од 100 мл