Како да се решиме од стариот леб, а да не сме спремале по бабините рецепти - топеницата или да не е нафора, да не се пржени рибанки, да не се принцески и т.д. ???
Да е нешто друг, МињаБ е тука ... веќе се надевам дека сте ја запознале, па таа има еден прекрасен предлог. Јас воопшто не се довоумев дали да правам или не- леб не се фрла, никогаш не е вишеток...секојпат со стар леб кој веке е тврд и никој не сака да го јаде, ова е едно прекрасно решение и дополнување на листата од менито. Јас веке ја имам одамно ставена на листата оваа ПИТА ПОПАРА
Миња, - Благодарам!

ПОДГОТОВКА

Стариот леб исечете го на коцки, а ако ви е од предходниот ден, оставете го така издробен на саат - два да се просуши.
Јајцата измиксајте ги, додајте ја киселата вода и павлака, зејтинот, солта и изренданото сирење. Со оваа смеса прелијте го исечениот леб, измешајте и префрлете во подмачкана модла или поставена хартија за печење, одозгора посипете го изренданиот кашкавал и ставете да се пече во предходно захреана рерна на 200 степени околу 30 минути, додека не поруменее.
Кратко и јасно... а одлично!
Јас овде како што гледате од сликата, пак нешто да додадам, во случајот тоа е блитва.
Слично нешто се прави и со остаток од Козињак или кроасани кој заостанале, се стврднале, но нормално дека смесата за поливања е слатка и се разликува, но за тоа друг пат ќе раскажуваме.
Печено е во долгнавеста форма во калапот за срнечкиот хрбат.. поставена со хартија за печење.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови