Одлична брза пита

Подготовка
- Шпагетите искршете ги и ставете ги во намрсена тава за печење. Додадете ја врелата вода. Додадете сол, мешан сув зачин и сецкан магданос.
- Печите околу 5-6 минути колку да изврие малку водата, потоа извадете ја од рерна.
- Во еден сад, изматете ги јајцата, додадете го ренданото сирење, сецканите пиперки, млекото, брашното и промешајте убаво со лажица. Оваа смеса ставете ја врз шпагетите и вратете ја тавата во рерна
- Печите уште 10 минути на 200 степени.
- Питата, исечете ја на коцки и послужете ја топла.

Добар апетит

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани