Се освен корите убаво се меша. Ќе добиете релативно ретка смеса, во која се макаат 1 по 1 згужвани корите.
Во поголем и подлабок, намастен плех се ставаат 2 слоја од корите за подлога. Краевите треба да излегуваат од плехот. Потоа се редат намаканите изгужвани кори и на крај, се превиткуваат навнатре краевите кои висеа од плехот. Доколку ни остани од смесата се мачка одозгора, а местата кои не ќе се премачкаат (случајно) со четче ги намрсуваме со масло и ги попрскуваме со газирана вода.
Се печи на 180 степени 45 мин.
П.С. На мојот шпорет 180 степени беа многу, па морав да намалам.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови