Не верував дека комбинацијава со ваков фил, што ја направив по идеја на мајка ми, ќе биде толку многу вкусна, навистина ме воодушевија пирошкиве.

Подготовка
Се замесува тестото со млака вода и се остава да стаса. Додека тестото стасува го припремаме филот. Компирите ги вариме па ги рендаме. Празот го сечкаме на ситни парченца и го пропржуваме на малку масло. Ги додаваме сечканите печурки и нив ги пропржуваме да им испари течноста. На крајот ги додаваме ренданите компири и заедно целата смеса ја упржуваме до соединување. Зачинуваме по вкус и желба, па смесата ја оставаме да олади. Откако тестото ќе стаса, се рассукува голема кора и се вадат правоаголници кои се полнат со филот се виткаат и се пржат на загреано масло.