Најпрво компирите се лупат и се сечкаат на коцки и ги ставаме да се варат. За тоа време го миеме спанаќот. Откако сме ги измиле листовите спанаќ, како совет кој го прочитав на интернет и го применувам - може да ги ставите во еден сад со топла вода во која сме додале оцет и малку морска сол за да ги исчистиме убаво. Треба да стојат околу 10-тина минути, па повторно ги миеме убаво со ладна вода.

Кога компирите се варени ги ставаме во соодветен сад, ги посолуваме, ставаме зачини, маслиново масло и листовите спанаќ и додаваме млеко или од водата во која се вареле, по потреба,. Блендираме додека не се добие убава смеса. Доколку сакате спанаќот да остане на поголеми парчиња, додадете го при крајот.

Совет - Ви препорачувам кога го правите, доколку сакате да го искористите железото од спанаќот, да употребите вода, а не млеко бидејќи кога спанаќот го консумираме во комбинација со млеко/млечни прозводи, железото не се апсорбира.

Може да го искористите како додаток со месо или како посно (доколку го правите без млеко) главно јадење.
На здравје!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови