16
авг
2015
Пинџур со модри патлиџани
Се лупи лукот се сечка и со солта се толчи во аван. Се додаваат печените исецкани пиперки и тие се толчат. Се додаваат модрите патлиџани исто така на ситно сечкани и доматите и сето тоа убаво се толчи да се изедначи смесата. Се префрлува во длабок сад и се додава сол ако не е солено. Настрана се става масло да се загрее и се додава лајче црвена пипер и се црцнува врз пиџурот-да црцори. Се промешува и се става да олади.На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани