6
мар
2015
Пилешко со сусам и зеленчук
На почеток на рецептата, пилето го вариме во посолена вода.
Го цедиме убаво и го ставаме во маринада од соја сос, црвен пипер ,зачини и густин.Јас имав колу да ги премачкам.
На маслиново масло се запржува сусамот, а потоа се редат пилешките делови.
Се запржуваат од двете страни малку да поруменат и се вадат од тавата. Додаваме во истото масло сецкан зеленчук. Прво кромидот, па се останато.
Запржуваме и полеваме со една кутлачка растопена коцка за супа.
Оставаме да издинста зеленчукотна тивко. Сервираме по желба.
На здравје..
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови