Пилешко со сусам и зеленчук
Состојки
- 1 пиле
- 50гр сусам
- 100мл маслиново масло
- 1 коцка за супа
- 1 врзопче млад кромид
- 150 гр брокула
- 150 гр карфиол
- 1 парче морков
- 100 гр мешавина од грашок и боранија
- 1 мало лажиче соја сос
- 1 лажиче густин
Подготовка
На почеток на рецептата, пилето го вариме во посолена вода.
Го цедиме убаво и го ставаме во маринада од соја сос, црвен пипер ,зачини и густин.Јас имав колу да ги премачкам.
На маслиново масло се запржува сусамот, а потоа се редат пилешките делови.
Се запржуваат од двете страни малку да поруменат и се вадат од тавата. Додаваме во истото масло сецкан зеленчук. Прво кромидот, па се останато.
Запржуваме и полеваме со една кутлачка растопена коцка за супа.
Оставаме да издинста зеленчукотна тивко. Сервираме по желба.
На здравје..