27
јан
2015
Пилешко со праз и сланина
Се сечка празот на кругчиња или полимесечинки и се пропржува на малку путер и две три капки маслиново масло во вок тава на Делимано, па се додава и сланината исечкана на коцкички да се кристализира. Откако ќе омекне празот и ќе се запржи сланината се додаваат коцките пилешки стек да се продинста заедно со другите намирници и се додаваат биберот и мешаниот зачин. Кога месото ќе биде скоро готово се прелева со павлаката, а може да се додадат и печурки по желба. Се остава течноста да испари од јадењето и може да се конзумира.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови